strasho pindzur strasho pindzur

Проект на НВО СОБЗ и Сообраќајна полиција Кавадарци

На 14, 15 и 16 Октомври 2011 год. во организација на НВО СОБЗ и Сообраќајната полиција Кавадарци се спроведе акција за безбедно учество на пешаците и велосипедистите во јавниот сообраќај. Првиот ден се делеа флаери на пешаците и возачите кои правеа грешки во сообраќајот. Вториот ден, на претходно распишаниот ликовен и литературен конкурс за проза и поезија на тема: „Безбедноста на сообраќајот во нашиот град“, првото место на литературниот конкурс му припадна на ученикот Никола Крстевски од V одд. под менторство на наставникот Грозда Тасева, а ученичката Марија Илиоска го освои второто место на ликовниот конкурс.Третиот ден имаше неофицијален натпревар во совладување на препреки со велосипед во сообраќајот, при што нашето училиште во групна конкуренција го освои второто место, под менторство на наставникот по Техничко образование Милан Николов.

Галерија

 

Останати натпревари и награди