strasho pindzur strasho pindzur

За Совет на родители

РАБОТА НА СОВЕТ НА РОДИТЕЛИ

Статистичката процена на времето што децата го поминуваат дома со родителите и на училиште со наставниците зборува дека тоа време е или исто или малку подолго од времето поминато во училиште со наставниците. Училиштето е работилница во која се создава моделот на утрешниот граѓанин. Тоа на организиран начин ја продолжува воспитно-образовната функција на семејството. Во него учениците стекнуваат знаења, ги развиваат своите способности, градат ставови за разни животни вредности. Значи училиштето, како и семејството, има иста одговорност кон децата, однсоно кон учениците. Оттаму сосема оправдан е заклучокот дека родителите треба да знаат се што се случува во училиштето, а како ќе знаат ако не се вклучат, ако не соработуваат.

Ефикасното организирање и работата на СР во училиштето е од исклучително значење за унапредување на работата на училиштето и за квалитетот на образовниот процес. Тоа дава можност за организирано согледување на потребите, состојбите и проблемите во училиштето, помага во процесот на донесување на одлуки, како и успешното реализирање на годишната програма за работа на СР.

Родителите во училиштето се организираат во СР на ниво на секоја паралелка -одбори на родители и СР на ниво на целото училиште. Од СР на паралелките се избираат претставници кои членуваат во СР на ниво на училиште. Од редовите на СР се бираат претставници за во Училишниот одбор.

Што може да направи СР во училиштето?

  • Да ги согледа вистинските потреби, состојби и проблеми во училиштето
  • Преку доброволно (волонтерско) ангажирање да се вклучат во реализација на различни училишни активности во следните подрачја од работата на училиштето: настава, воннаставни активности, грижа за здравјето на учениците, соработка со локалната заедница и да дадат свој придонес според нивните можности, способности и интереси
  • Да им помагаат на наставниците во работата со учениците во училиницата и училиштето
  • Да организираат и да даваат поддршка на различни училишни акции, манифестации, училишни презентации, кампањи и сл.
  • Активно да учествуваат во решавањето на различни проблеми во училиштето
  • Да учествуваат во донесување на важни одлуки во училиштето

На тој начин ќе придонесат за унапредување на работата во училиштето, подобрување на резултатите кај учениците и афирмирање на училиштето во локалната средина.

СР треба да преземе активности за утврдување на приоритетни задачи и активности кои ќе ги реализира во текот на учебната година. Постапката за утврдување на приоритетни задачи, активности и проблеми подразбира прибирање предлози од одборите на родители на паралелките во кое можат да се вклучат и наставниците или стручната служба од училиштето. Од добиените предлози од одборите на паралелката, се составува предлог листа од која се бираат приоритетни задачи и активности.

Градењето партнерства на СР започнува во училиштето преку развивање на соработка со наставниците, со стручната училишна служба и со директорот. Заради поуспешно остварување на своите цели, СР може да воспостави партнерства на ниво на локална заедница, но и пошироко во државата и во странство. Партнерството овозможува побрзо и поефикасно реализирање на планираните активности.

  • СР може успешно да соработува и склучи партнерства со СР на други училишта од локалната заедница заради реализирање на заеднички активности, проекти или разрешување на одредени проблеми
  • Соработка со институции на локалната власт
  • Соработка со НВО кои поддржуваат и реализираат активности од областа на образованието, (пример: активности за унапредување на здравјето на учениците и превенција на зависности - трибини и предавања)
  • Партнерства со јавни и приватни претпријатија со цел барање поддршка при реализација на одредени активности (пример: да побара садници од Јавното комунално претпријатие како донација за уредување на училишен двор)

 

Останати содржини