strasho pindzur strasho pindzur

Посета на ООУ,, Мустафа Кемал Ататурк,, Гостивар

На ден 05.11.2015 година, четврток,ООУ „Страшо Пинџур“ – Кавадарци беше во посета на своето партнер училиште ООУ „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар, при што се реализираа втората и третата заедничка активност планирани со програмата во учебната 2014/2015 година како и оние активности кои влегуваат во програмата за оваа учебна година.Во активностите беа вклучени 34 ученици од македонска националност и 3 наставници, како и 34 ученици од турска националност и 3 наставници и тоа:

Заеднички настап на хоровите со изведба на една македонска и две турски песни;

-Спортски игри (во мешан состав) фудбал и кошарка;

-Работилница по географија „ Вселената и Сончевиот систем“ и

-Реализација на заеднички излет на изворот на реката Вардар - Вруток

Соработката меѓу двете училишта продолжува успешно бидејќи целта не може да се оствари без двострана волја, упорност и труд за успех!

Остварување соработка со партнер училиште за реализација на проектот за Меѓуетничка интеграција на младите во образованието

 

Останати содржини