strasho pindzur strasho pindzur

За Училишен одбор

 

Орган на раководење во училиштето е Училишниот одбор. Составот, надлежностите и задачите на училишниот одбор се определени со Законот за основно образование и Статутот на училиштето.

Училишниот одбор е одлучувачко тело одговорно за управување со училиштето. Улогата на Училишниот одбор во училиштето е да ги покрива следните области:

  • визија и развој на училиштето,
  • избор на клучен персонал,
  • надзор врз раководството,
  • финансиски надзор,
  • прибирање средства,
  • подршка на проекти,
  • следење на квалитетот на оценување,
  • следење на благосостојбата на учениците,
  • подготвување на извештаи

Училишниот одбор во соработка со директорот на училиштето и училишните тимови постојано поттикнува активности кои ќе обезбедат квалитет во работењето.

Планот за работа на Училишниот одбор се темели на евалвациајта на резултатите од мината учебна година, а опфаќа:

Редовни седници:

·         донесување на годишна програма (предлог),

·         предлагање извештаи,

·         предлагање финансови планови,

·         предлагање годишна сметка,

·         организирање на попис.

Подршка за професионален развој на наставниците

Подршка на менаџерскиот тим во сите области на функционирање на училиштето

Учество во утврдувањето на развојните цели и стратегии на училиштето и избор на приоритети

Грижа за имплементацијата на Годишната програма за работа на училиштето

Следење на оценувањето на учениците

Подршка во обезбедувањето на подобри услови за работа и подобра училишна клима и култура

Учество во донесување на планот за самоевалуација

Унапредување на соработрката со Советот на родители

 

 

 

Останати содржини