strasho pindzur strasho pindzur

Еко-Квиз

    Денес, 10.12.2015 година во нашето училиште се одржа Еко-квиз, организиран од страна на локална самоуправа на град Кавадарци во соработка со ФЕНИ и НВО „Тисовец“ од с.Возарци. На овој квиз учество зедоа 5 групи и тоа: 
-2 од централното училиште
-1 од ПП во с.Марена
-1 од ПОУ во с.Дреново
-1 од ПОУ во с.Возарци 
Секоја група беше составени од по тројца ученици и тоа оние кои според училишната проверка за знаења од областа на екологијата постигнаа највисоки поени.
На училишно ниво победија учениците од V одделение од ПОУ во с.Дреново кои ќе го претставуваат нашето училиште на општинскиот натпревар на 18.12.2015 година. 
Им честитаме на сите ученици кои покажаа големи знаења од областа на екологијата!
Честитки до победниците и им посакуваме многу успех на општинскиот натпревар!

Еко-Квиз

 

Останати содржини