strasho pindzur strasho pindzur

Македонија без отпад 2016

         Во рамки на проектот „Македонија без отпад 2016“ во нашето училиште се реализираа многубројни активности кои имаа за цел намалување на отпадот од нашата училишна околина, зголемување на свесноста за еколошките проблеми предизвикани од несовесното отстранување на отпадот од страна на човекот на места кои не се означени за истото, како и поттикнување и создавање навики за одржување и грижа на животната средина. 

Поради тоа, се реализираа следниве активности:

-Собирање на пластичен отпад од училишната зграда од страна на Еко патрола и негова селекција;
-Изработка на плакати со пораки на тема „Македонија без отпад“;
-Изработка на детски играчки од отпаден материјал (реупотреба);
-Изработка на детски творби со отпаден материјал (реупотреба);
-Чистење на училишниот двор;
Со гордост истакнуваме дека сме задоволни од денешната акција која во нашето училиште не се спроведува само за одбележување на одредени проектни активности, туке е дел од нашето секојдневие, бидејќи навистина сакаме чиста и здрава средина!

Македонија без отпад 2016

 

Останати содржини