strasho pindzur strasho pindzur

Втора заедничка активност со имплементација на МИО

На 09.04.2015 година во нашето училиште се реализира втора фаза на активности од проектот МИО со нашето партнер училиште од Гостивар „Мустафа Кемал Ататурк“ и ООМБУ„Лазо Мицев Рале“ од Кавадарци, во кои беа вклучени учениците од I до IX oдделение.
Заедничките активности кои се реализираа беа следниве:
1. Музичка активност од страна на наставниците од ООМБУ„Лазо Мицев Рале“-Кавадарци и учениците. 
2. Спортска активност во која беа вклучени ученици од VI до IX одделение.
3. Велигденска работилница „Шарање велигденски јајца“ со учениците од III одделение и презентација на тема „Гостивар – убав град“
4. Велигденска работилница-Вапсање и шарање велигденски јајца 
5. Православни обичаи по повод Велигден, како и следење презентација на тема „Запознавање со градот Гостивар, местоположба, знаменитости, култура, традиции, обичаи и култура“
Активностите ги поддржа и Локалната самоуправа на град Кавадарци а претставник кој беше присутен при реализација на истите беше Претседателот на Совет на општина Кавадарци – м-р Горица Пеливанова-Вилхелм.
Во 14:30 во просториите на нашето училиште беше отворен велигденски базар на кој беа промовирани и продавани рачни изработки на наставниците, учениците и родителите. Воедно се одржа и коктел со богата трпеза подготвена од вештите раце на вредните родители на кој присуствуваа учениците, наставниците и родителите.
Супервизија на активностите се изврши од страна на координаторот на проектот за МИО - Ана Пискачева со останати претставници на УСАИД која со високо мислење ја оцени успешно реализираната фаза од проектот.
Со овие активности јасно се утврди моќта на детскиот говор, желбата за другарство и соживот. Денешниот ден во нашето училиште беше свет без граници! Да ги следиме примерите на децата – учениците! Ќе продолжиме со зацврстување на темелите кои ги поставивме а кои значат само едно – верба во концептот за мултикултурализам!
Ви благодариме на соработката!

Втора заедничка активност со имплементација на МИО

 

Останати содржини