strasho pindzur strasho pindzur

22 Април - Ден на планетата Земја

Учениците преку најразлични активности и работилници го одбележаа значењето на овој ден. Се читање на реферат за значењето на 22 Април учениците се запознаа со историјата, целите кои биле поставени и имаа можност преку дискусија да утврдат дали е зголемена еколошката свест кај луѓето.
Во рамките на денот, учениците од III одделение изработија мини-плакати на кои ја претставија планетата Земја како човек и запишаа сопствени еко-пораки. Исто така, се составија и корпите за хартија од Пакомак и се поставија на видно место во училниците.
Учениците од VIII и IX одделение заедно со две основни училишта a во соработка со Еко живот, извршија пошумување и чистење на с.Брушани на Тиквешкото езеро. Дел од учениците пристигнаа со велосипеди, со цел поттикнување и зголемување на свеста за заштита на планетата од издувните гасови од возилата.

22 Април

 

Останати содржини