strasho pindzur strasho pindzur

Кажете ДА на другарството

На спортскиот турнир под мотото ,,кажете ДА на другарството,, во организација на Отсекот за превенција при СВР Велес и полициска станица Кавадарци, меѓу 9-те основни училишта од Кавадарци, Неготино и Росоман зедоа учество и учениците од нашето училиште кои го освоија III(третото )место. 
Штафетните игри на т.н.,,весел полигон,,на спортските терени на ООУ Тошо Велков Пепето придонесоа денешниот ден да биде празник на другарството и толеранцијата помеѓу учениците од овие училишта. Настанот е со подршка на мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, а беше помогнат и од домаќинот - ООУ Тошо Велков Пепето и компанијата Кожувчанка од Кавадарци.

Кажете ДА на другарството

 

Останати содржини