strasho pindzur strasho pindzur

ОТВОРЕН ДЕН ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 1-ВИ МАРТ

Денес, во нашето училиште се проследи отворен интегриран ден меѓу учениците од I-б одделение под менторство на наставничката Стефка Саздовска и Љубица Димова (продолжен престој) и учениците од III одделение од ПП во с.Марена, под менторство на наставничката Илинка Бакева.Се изврши интеграција на наставните предмети: македонски јазик, математика, природни науки, музичко образование и ликовно образование, вклучувајќи ги програмите од екологијата (ЕКО) и меѓуетничка интеграција во образованието (МИО), во рамките на проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“. 
Целта на отворенот ден беше одбележување на 1-ви Март (Денот на мартинките) и истата се постигна преку низа активности:
-Изработка на мартинки со бел и црвен конец од природен материјал (ЕКО)
-Изработка на народни носии (МИО)
-Изучување на песничка „Баба Марта“
-Задачи со заштитните ликови на Март – Пижо и Пенда. 
На отворениот ден присуствуваше и стручната служба на училитето а потоа беше направена изложба од изработките Дел од нив беа закачени на плодно дрво.

ОТВОРЕН ДЕН ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 1-ВИ МАРТ

 

Останати содржини