strasho pindzur strasho pindzur

ЕКО КВИЗ ФИНАЛЕ

На 20.12.2016 година во просториите на Домот на културата "Иван Мазов Климе"- Кавадарци, се одржа финалниот ЕКО квиз помеѓу основните училишта во општината. Истиот беше спроведен од страна на Локалната самоуправа, Фени Индустри и ЕД "Тисовец". На овој финален квиз, претставници од нашето училиште беа учениците од V-а одделение Филип Попов, Данка Стојкова и Александар Стојков, под менторство на наставникот Соња Спанџова. Нашите ученици на овој трет по ред ЕКО квиз го освоија ПРВОТО МЕСТО. Организаторите на сите учесници и претставници на училиштата им доделија пофалници а на првонаградените ученици - таблети и им предвидија екскурзија.
ЧЕСТИТКИ!!!
НЕКА НИ СЕ МНОЖАТ УСПЕСИТЕ!

ЕКО КВИЗ ФИНАЛЕ

 

Останати содржини