strasho pindzur strasho pindzur

Еко кодекс

ЕКО КОДЕКС

 

1.    Средината да се  чува, одржува чиста и постојано да се заштитува од секаков вид на загадување.

2.    Преку постојани разговори, укажувања, убедувања да се развива АТИВНА СВЕСНОСТ за значењето и   важноста на здрава и чиста средина.

3.    Да не се фрлаат секаков вид на отпадоци секаде;

4.    Да се селектира и класифицира различниот вид на отпад за да се РЕУПОТРЕБИ;

5.    Правилно да се ракува  со РЕСУРСИ во смисла на нивно штедење: струја, вода, отпад;

6.    Сијалиците и различните електрични апарати да се исклучуваат кога нема потреба од нив;

7.    Славините, писоарите и казанчињата да се затвараат за да не се троши вода без потреба;

8.    Училниците секој ден по завршување на наставните часови да се метат и поминуваат со дезинфекционо средство – ИЗОСАН или АСЕПСОЛ;

9.    Училниците редовно да се проветруваат;

10. Стаклата од прозорците редовно да се чистат со еколошко средство за стакло.

11. Ходниците и скалите по завршување на големиот одмор  и по завршување на смената да се избришат;

12. Во тоалетите да не се фрла секаков вид на отпад;

13. Редовно санитариите да се чистат со дезифекционо средство;

14. Редовно да се собираат пајажините од ѕидовите;

15. Да се организираат ученички акции за чистење на дворот и тревните површини од отпадоци;

16. Цвеќињата редовно да се полеваат со вода и по потреба да се расадуваат;

17. Во училишниот двор отпадоците да се фрлаат на определени места т.е. во кантите за отпадоци;

18. Секоја забележана промена по однос на загадување на средината или запоставеност на било кој дел од просторот да се ПРИЈАВИ и истата да се отстрани во најбрз можен рок;

19. Работните површини редовно да се поминуваат со ИЗОСАН или АСЕПСОЛ;  

20. Неколку пати годишно дворот и спортските терени да се измијат со голем млаз на вода;

21. Редовно да се набавува течен сапун и истиот рационално да се користи;

22. Да се започне со практика на собирање на хартија , стакло и пластика;

 

ЕКО КОДЕКСОТ е  ЈАВЕН ПРАВИЛНИК кон кој сите треба да се придржуваат и да го почитуваат.

_КОДЕКС_за_на_зид.doc