strasho pindzur strasho pindzur
next prev

За "Страшо Пинџур"

Краток историјат за училиштето

     Основното училиште „Страшо Пинџур„ е лоцирано на улица Димката А. Габерот бр. 3 во Кавадарци. Патронот на училиштето е народниот јунак Страшо Пинџур.Тој е роден 1915 година во Струмица. Основното образование го завршил во с.Ваташа, Гимназија во Кавадарци,а завршил и Правен Факултет.

Целосно животот го посветува на револуционерната организација со цел да го поттикне, организира и поведе македонскиот народ за ослободување на Македонија.

Извршувајќи ја својата должност бил фатен од бугарската полиција и ѕверски мачен. Умрел на 04.01.1943 година во скопскиот затвор. За народен херој е прогласен во јули 1945 година. Зградата започнала да се гради 1939-1940 година како Нижа гимназија (позната како Старата гимназија), а изградбата е завршена во 1941 година но не работела бидејќи во неа биле сместени војници на Кралството Југославија.Зградата имала 10 училници, две канцеларии, два кабинета и неколку помошни простории.За време на бугарската окупација имало два класа со вкупно 67 ученика, а наставата се одвивала на бугарски јазик. Во 1945 година е трансформирана во Народна гимназија и како таква работи се до 1956 година кога е трансформирана во основно училиште Страшо Пинџур.

Во состав на училиштето работат:од 1975 година посебни паралелки,од 1992 година полни подрачни училишта во с.Дреново и с.Возарци од 1 до 9 одделение и ученички дом-интернат во с. Дреново,а во с.Марена од 1 до 5 одделение. Во училиштето од 2001/02 година работи дневен престој за сите ученици од општината.

Училишниот објект денес

           Училиштето работи во зграда од тврд материјал, со убаво уреден училишен двор и спортски терени. Просторните услови и инвентарот во училиштето одговараат на бројот на паралелките како и бројот на учениците за изведување на настава во една смена.

Опременоста на училиштето со наставни средства и помагала задоволува благодарение на Проектот за модернизација на образованиетo.

Училиштето располага со дворна површина од 2000 м, во која спортските терени се асфалтирани ,а дел од површината е озеленет. Во текот на оваа учебна година се планира да се изгради спортска сала со што квалитетот на наставата по физичко и здраствено образование значително ќе се подобри

Во состав на училиштето работат и три подрачни училиште и тоа: ПОУ с.Возарци, ПОУ с. Дреново и ППУ с. Марена.

МИСИЈА НА УЧИЛИШТЕТО

             Основно образование и воспитание на учениците преку поттикнување на нивниот индивидуален развој во сообразност со нивните предиспозициии и способности, усвојување знаења и вештини и оспособување за нивна примена во животот, развивање систем на човекови вредности и чувство на одговорност и припадност како граѓанин на Р.Македонија.

ВИЗИЈА

               Училиштето да биде центар за модерно образование според европски стандарди кои на учениците ќе им пружат нови видици во животот и основа за натамошна надградба.